Филков: Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер

Од:

Министерот за правда Игор Филков денеска даде одговор на најавите од ДУИ дека ќе бараат негова кривична одговорност поради неможноста правосудниот испит да се полага на албански јазик. Тој оцени дека ваквите барања се „национално-романтичарски теми“ кои, како што рече, им припаѓаат на политичари „од минатиот век“.

-Сметам дека национал-романтичарските теми се важни за оние политичари од минатиот век. Како што кажав, ние работиме чисто и решително на стабилност, просперитет и владеење на право, сѐ останато ќе биде оставено на тажната страна на историјата – изјави министерот по 18. сесија на работната група 3 – Правосудство и основни права (Поглавје 23) во рамките на Националната конвенција за ЕУ што се одржува денеска.

Во однос на изјавата на лидерот на Беса, Билал Касами, дека министерот за правда би можел да биде меѓу функционерите кои ќе бидат засегнати од реконструкција на владата, Филков возврати дека владеењето на правото ќе важи за сите.

– Кога Билал Касами ќе биде премиер, тогаш ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не. До тогаш владеењето на правото и почитувањето на Уставот ќе важат за сите – рече Филков.

Запрашан дали се можни измени на законите во врска со полагањето на правосудниот испит на албански јазик, министерот кусо одговори дека „во моментов таква можност нема“,

На прашањето за тоа каде затајуваме бидејќи извештаите покажуваат дека корупцијата во државава е голема, Филков истакна дека очекува „новите законски решенија многу скоро да донесат прогрес“.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

Ахмети: Европска Македонија се гради со еднаквост, а не со намалување на нечии права

Горан Наумовски