ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

Од:

Демократската Унија за Интеграција изразува крајно незадоволство и директно протестира против заканите врз судската и обвинителската фела од страна на министерот Филков во неговиот последен јавен настап, се наведува во соопштението од ДУИ.

„Извршната власт не само што нема уставно право да сугерира правци на постапување на правосудните органи, туку улогата на Министерството за правда е да го заштити интегритетот и независноста на судската власт, особено во вакви случаи каде политичката поларизација врши огромен притисок врз поединците од правосудниот систем. Министерот за правда наместо да ја одбрани правосудната фела од партиската хистерија тој дополнително ја разгорува, создавајќи атмосфера на однапред донесена пресуда, притоа директно изнесувајќи закани кон обвинителите и судиите“ порачаа од опозициската партија.

Велат „Со ваквите изјави министерот на јавна сцена врши притисок врз обвинителството и судот, што покрај нарушување на принципот на поделба на власта, преставува директен атак на правосудниот систем и се заканува да го наруши интегритетот на постапката“.

„Апелираме министерот да се воздржи од натамошни јавни интервенции во овој предмет, а Министерството преку своите јасни и прецизни соопштенија во јавноста да ја заштити независноста и непристрасноста на правосудниот систем. Доколку ваквата пракса продолжи, министерот треба итно да биде разрешен, со цел заштита на независноста на судската власт, особено во ваков чувствителен момент. Демократската унија за интеграција ќе продолжи внимателно да ги следи и да ги нотира активностите и однесувањето на сите актери кои создаваат атмосфера на линч и го попречуваат самостојното и непристрасно одлучување на правосудните органи“ е ставот на ДУИ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ