Законот за пристап до информации од јавен карактер со добри решенија но со незадоволителна примена

Од:

Четириесет и два процента од барањата за информации од јавен карактер лани биле доставени до граѓаните од страна на прашаните надлежни институции. Со тоа се покажува дека иако има повеќе добри решенија во Законот за пристап до информации од јавен карактер овие прописи имаат слаба примена во практиката во Македонија.

Ова е заклучокот на денешната дебата реализирана на Универзитетот на Југоисточна Европа наменета за студенти и претставници на невладини организации чија цел беше да се запознаат со тоа како можат да дојдат до информации од јавен карактер за да имаме транспарентни и одговорни институции.

Според универзитетскиот проферор Сефер Тахири малиот процент на добиени одговори од страна на институциите мора да се зголеми со надминување на културолошките и психолошките бариери од страна на граѓаните и нивната заинтересираност за отворени институции.

– Сите граѓани особено студентите и претставниците на невладините организации мора повеќе да се ангажираат и да го остварат своето право и да знаат како работат институциите што се финансирани од нивните пари. Исто така и раководителите на државните институции, министри, директори и слично мора да сфатат дека мора да ги информираат заинтересираните граѓани за сите информации од јавен карактер и помалку да го користат своето дискрециско право нешто непотребно да се затскрива под формулацијата државна тајна или строго доверливи информации. Доколку државните институции станат поотворени и поодговорни во однос на прашањата од граѓани околу нивната работа тоа ќе ја подигне нивната улога и функција во јавен интерес што ќе значи и унапредување и развој на демократијата и демократските процеси рече Тахири.

Денешната дебата на УЈИЕ ја организираше невладината организација Асоцијацијата за демократски иницијативи од Гостивар преку програмата Цивика Мобилитас.

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски