Законот за медиуми конечно излегува од „тајност“

Од:

„Предлог законот за медиуми  ќе биде  на јавна расправа од наредната недела“, изјави  министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

Најавата за законот, чија содржина упорно се криеше,  предизвика сомнежи и негодување.

Во тек на расправата, според Ивановски, коментари и забелешки ќе може да изнесат Здружението на новинари, Советот за радиодифузија, невладиниот  сектор, граѓаните и сите релевантни институции.

Откако ќе се утврдат сите забелешки законот ќе биде испратен повторно во владина процедура. Се уште е во драфт фаза  во која се работеше заедно со експерти од TAIEX, рече Ивановски.

Динамиката за усвојување на законот, според него, ќе зависи од забалешките. Стоиме на располагање и сме конструктивни од аспект на тоа, изјави Ивановски по прес-конференцијата за либерализација на регистрирањето домени

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март