Иванов го потпиша законот за амнестија

Од:

Законот за амнестија вчера е објавен во Службен весник на Република Македонија, откако претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов го потпиша. Законот стапува во сила од денот на објавување во Службен весник на РМ.

Македонското Собрание на 18-ти овој месец по скратена постапка со 95 гласа „за“, без „против“ и „воздржани“ го донесе Законот за амнестија за настаните во Собранието од 27 април минатата година.

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.

Секој од обвинетите за „27 април“ има право да поднесе барање за амнестија, ако смета дека ги исполнува условите пропишани со Законот.

Осомничените, обвинетите или осудените сами ќе треба да побараат амнестија во рок од пет дена, а Судот и Обвинителството ќе имаат рок исто така од пет дена за да одговорат кој ќе биде помилуван, а кој не. Вкупно 33 лица се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе го блокира Законот за амнестија

Александар Тодески

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го напуштат собранието ако се стави европско знаменце на амнестијата

A1on

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со сите демократски и парламентарни методи ќе го спречиме донесувањето на законот за амнестија

Предлог законот за амнестија целосно ослободува 286 лица

Законот за амнестија ќе биде доставен во Собрание , потполно ослободување за казна затвор до 6 месеци, нема амнестија за тешки кривични дела