Денеска во прво читање беше усвоен предлог-законот за амнестија од страна на членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Тие ги прифатија и измените и дополнувањата на неколку закони што се однесуваат на администрацијата.
Со новиот предлог-закон за амнестија се опфаќаат лица осудени на казна затвор до шест месеци, односно лесни кривични дела, а за останатите затвореници е предвидено намалување на казната за 30 отсто, освен за дела изземени од амнестијата.
Не се предвидува амнестија на лица правосилно осудени на казна доживотен затвор, како и за сторители на убиство, за кривични дела против избори и гласање, против половата слобода и половиот морал, за кривични дела против државата, против јавниот ред и за кривични дела против човечноста и меѓународното право.
Според анализите ќе бидат ослободени околу 670 лица, а на 3.907 ќе им бидат намалени казните.