Заклетва на новата група волонтери на Мировен корпус

Од:

Новата група американски волонтери кои пристигнаа во Македонија во септември годинава, денеска ќе дадат свечена заклетва пред амбасадорот на САД Џес Л. Бејли.

Оваа група од 41 волонтер, е дваесетта група волонтери што ќе служи  во Македонија. Тие се приклучуваат на повеќе од 500 волонтери кои биле во Македонија од 1996 година до денес. Волонтерите на Мировниот корпус во моментов служат во 64 земји, а нивниот број е над 6.800.

Волонтерите ја даваат заклетвата по успешното завршување на интензивната, единаесетнеделна обука која вклучува изучување на македонскиот и на албанскиот јазик, културата и традицијата во Македонија, како и стручна подготовка за натамошната работа во земјава. По давањето свечена заклетва, волонтерите на Мировен корпус почнуваат со нивната  двегодишна работа во заедници низ Македонија.

Би можело да ве интересира

Волонтерите од „Сите заедно можеме“ ќе ги возат возрасните и изнемоштените до вакциналниот пунк во Струмица

Катерина Ѓуровски

Пендаровски до волонтерите: Вие сте пример како треба да бидеме солидарни и да помагаме

Повик за апликации од Мировен корпус Северна Македонија

А1он

Архитектите од Македонија понудија помош за проценка и санација на штетите во Албанија

ЕВН го одбележa Меѓународниот ден на волонтерите

Ана Ололовска

Младинските организации бараат решение за проблемот за виза за престој на европски волонтери

Ана Ололовска