Зајкова до Стоилковски: Не на груевистичкиот, шовинистички и крајно мизерен однос кон жените!

Од:

Претседателката на Лидем, Моника Зајкова, реагира на примитивниот и вулгарен речник, навредите за новата министерка за финансии, која е наречена од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, „Нина Групировка“ „Џирло Девојка- презентерка за владините Светлечки Јојоа и Стомак елиминатори“.

Еве ја реакцијата на Зајкова:

„НЕ на груевистичкиот, шовинистички и крајно мизерен однос кон жените!!

Доста е. Времето на понижување на жените помина!!!

Тоа време кога жените беа предмет за политичко потсмевање е поразено! Тоа време кога жените се дискиминираа МОРА да заврши – не само со одлуки на Комисијата за заштита од дискриминација, туку и со промена на менталната матрица.

Избриши го статусот за да покажеш барем малку доблест дека го слушаш она што македонската жена има да го каже. Јавно извини се.
ПРЕСТАНЕТЕ со понижување на жените.

Имавте жена-кандидат за претседател на државата. Што ли има таа да каже за овој ваш мизерен статус?

Сфатете дека сме рамноправни сите во државата, ма колку и да е тешко тоа да се “свари”.

Дајте да се натпреваруваме за идеи, па за нивна имплементација да бараме поддршка.

Немојте со вакви ниски изјави со кои се врши директна дискриминација, со кои се потценува вредноста на сите жени и девојки во Македонија.

Како претседателка на ЛИДЕМ, од свое име, но и од име на останатите членови на ЛИДЕМ, апелирам до Комисијата за заштита од дискриминација, овој пат да не премолчи како што молчеше на сексистичката изјава на Никола Груевски, по повод која поднесовме претставка. Но, да се одважи и да ја осуди ваквата изјава на портпаролот Наум Стоилковски, како и да покрене иницијатива за поведување на постапка пред надлежните органи поради сторена повреда на Законот за спречување и заштита од дискриминација“, пишува Зајкова.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ