Зајакнување на граѓанското општество за ефикасни реформи во правосудството

Од:

Во ЕУ Инфоцентарот денеска ќе се одржи почетен настан за одбележување на ИПА 2014 грантова шема „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“.

dobivaj vesti na viber

Најавени се обраќања на министерката за правда Рената Дескоска и Никола Бертолини од Делегацијата на Европската Унија.

ИПА 2014 Грант проектот „Зајакнување на влијанието на граѓанското општество за ефективни реформи во правниот сектор“ е дел од ИПА II Акциска програма 2014 „Поддршка на Секторот Правда“. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1.051.000 евра, а максималниот износ на висината на поединечен грант е 200.000 евра.

Конкретните цели на проектот се поддршка на граѓанскиот сектор за оценка на перформансите на правосудниот сектор во соработка со засегнатите страни од јавниот сектор, обезбедување правна помош за граѓаните и подобрување на партнерства меѓу затворите, пробациската служба и организациите од граѓанскиот сектор за промовирање на рехабилитацијата и социјалната вклученост, вклучувајќи едукација, работа и други активности.

Корисници на грантовата шема се Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје и Асоцијација за развојни иницијативи ЗЕНИТ, Здружението на граѓани Институт за човекови права и Центарот за правни истражувања и анализи, Асоцијацијата за демократска иницијатива и Коалиција на здруженија на граѓани „Сите за правично судење“, Македонско здружение на млади правници и СОС Детскo селo Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Environmental Management and Law Association, Унгарија и Национален Ромски центар и Здружение СИМБИОЗИС 1

Би можело да ве интересира

Независноста на судиите и обвинителите е заштитена, но тоа не значи дека тие се над законите, вели Маричиќ

Жарко Настоски

Маричиќ: Почнувањето на преговорите клучно во дефинирање на темпото на реформите

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на концепцијата за реформи во основното образованието

НВО Инфо: Локалните власти да ја зајакнат транспарентноста при трошење на државните пари

Ана Ололовска

Маричиќ – Бомгартнер: Франција е подготвена да помогне во реформата на правосудството

Катерина Павлова-Николовска

Маричиќ – Вархеји: Владата да продолжи со реформите во правосудството