Мицкоски повтори дека судиите и обвинителите не ги заслужуваат ниту платите што ги земаат

Од:

Граѓаните треба да знаат дека суштинската реформа што се бара за судиите и обвинителите е како да се зголеми нивниот буџет. Имам дилема дали и овие плати што ги земаат тие ги заслужуваат, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Сакам граѓаните да знаат дека сите оние таканаречени експерти кога излегуваат и кога ја критикуваат Владата за застој во реформите во обвинителството и во судството, ова е суштинската реформа – како да се зголеми буџетот на судовите до 0,8 проценти од БДП, а на обвинителите до 0,5 проценти од БДП што е два до три пати повеќе од некои земји членки на Европската унија. Не е проблем, ние ќе ги зголеми три пати ама да ги заслужат. Имам дилема дали и овие плати тие ги заслужуваат кои што сега ги земаат, рече премиерот Мицкоски.

Прашан како ја коментира вчерашната условна пресуда за докторка во случајот Онкологија, тој кажа дека неговите ставови за обвинителството и судството се многу пати кажани и разговарани и оти се бараат закони со кои во суштина се бара зголемување на буџетот за судовите и обвинителствата.

-Во суштина сакам јавноста да знае дека станува збор за шест закони каде што основната суштина е зголемување на буџетот од кои што директно ќе имплицира зголемување на платите на обвинителите и на судиите коишто имаат рејтинг од 2 проценти, а се бара зголемување на нивниот буџет којшто би бил сега 0,8 проценти од БДП, а за обвинителите 0,5 проценти од БДП и секогаш чуствувам некоја мачнина бидејќи тие и овие плати што ги земаат не ги заслужуваат имајќи ги предвид ваквите судски одлуки за кои вие сега зборувате, рече Мицкоски во Штип.

Би можело да ве интересира

Мицкоски најавува одбрана од европскиот енергетски шок: Јаглен од Косово и рестарт на ТЕЦ „Неготино“ за да нема поскапување на струјата

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски лаже дека СДСМ донела одлука за влез на Алта банка

(ВИДЕО) Надзорна расправа: Со одлука на владата на СДСМ во 2023 бил дозволен влез на Алта банка, вели Мицкоски

(ВИДЕО) Филипче: Кој е Мицкоски да продава банки и кој би купил пропадната банка

Евроамбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот на Европската комисија на премиерот Мицкоски

Мицкоски: Македонија веќе 15 години не е членка на ЕУ поради вештачки прашања

Катерина Ѓуровски