Зајакнати општинските мерки за социјална заштита во Кочани

Од:

Општина Кочани ги зајакна досегашните мерки наменети за помош на социјално загрозените граѓани, а воведе и нови во полза на корисниците.

Со одлуката што веќе ја донесе Советот, се обезбедува паричен надомест од 1.500 денари по лице, за купување лекови за невработени и болни од карцином. Порано барателите оваа помош имаа право да ја користат на 6 месеци, а сега може да се добива на 3 месеци, односно на еден корисник годишно да му бидат одобрени вкупно 6.000 денари.

– За лицата кои имаат упат за болничко лекување во друг град, ќе добијат надомест за цената на повратен автобуски билет, а може да го користи и друг член на семејството како придружник ако се оцени дека лицето не може да патува само, истакна Аника Илијевска Георгиева, од Одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

Општината ќе доделува надомест за пакети од хигиенски и медицински производи за новороденчиња од социјално загрозени семејства, а вредноста на помошта годинава е зголемена на 3.500 денари од пакет.

Семејствата чии домови претрпеле елементарна непогода, со записник од полицијата и противпожарната служба ќе добијат помош во градежни материјали. Притоа, висината е до 500 евра во денарска противвредност за санација на куќа во фаза на распаѓање, односно до 1.000 евра во случај на елементарна непогода.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно