А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Захариева-Ременски: Бугарија и Македонија се искрени пријатели

by А1он22/03/2018 - 15:51299
Share0

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева денеска се сретна со претставници на парламентарната Група за соработка со Бугарија во Собранието на Република Македонија, предводена од заменикот претседател на собранието Фросина Ташевска Ременски, пренесува БТА.

Следете a1on на Instagram Instagram

На средбата присуствувале претседателот на Групата за пријателство со Република Македонија во бугарскиот Парламент Борис Вангелов, како и македонскиот амбасадор во Софија Марјан Ѓорчев.

– Од потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, во последните осум месеци во односите меѓу Бугарија и Република Македонија се случија многу историски нешта. Добро се справуваме со напорите да изградиме нов тип отворени и пријателски, базирани на европски вредности. Храброста, која ја покажаа нашите премиери, како и пратениците од двете земји, кои го ратификуваа Договорот, веќе вроди со плод и доведе до многу позитивни резултати, рекла Захариева.

Истакнала дека посетата на македонската делегација е прва таква по 11 години, како и дека потпишувањето на Договорот создало позитивен импулс во различни сфери во билатералните односи.

Следете a1on на Youtube YouTube

Како пример за тоа, Захариева ги посочила податоците за раст од 11 проценти во трговската размена и 10 отсто раст на бугарските туристи кои што ја посетиле Република Македонија.

Нагласила дека Бугарија е конзистентна и категорична во својата поддршка за европската перспектива на своите соседи.

– Ние сме искрени и немаме скриени мисли. Помагаме не само со зборови, туку и со дела, изјавила Захариева, изразувајќи надеж дека Македонија ќе ги исполни резултатите и ќе добие датум за почеток на преговорите за време на бугарското претседателство со ЕУ.

Шефицата на македонската делегација Ременски, посочила дека Бугарија е искрен пријател на Македонија и дека, таа искреност ја почувствувале во пракса на средбите.

Според Ременски, Договорот што двете земји го потпишаа минатата година, е многу важен и за граѓаните на Република Македонија, од кои 75 проценти го оценуваат позитивно.

– Сметаме на вашата помош и експертиза во предпристапниот процес, вклучително и на институционално ниво, изјавила Ременски, пренесува БТА.

Додала дека, Македонија работи активно на исполнување на реформскиот план, во која насока е развојот на активната парламентарна демократија преку групите за соработка во македонскиот Парламент.

bugarijaremenskizaharieva

Би можело да ве интересира

Вонредна состојба во југозападна Бугарија: Поројни дождови ги поплавија населбите

Горан Наумовски25/08/2026 - 21:36

(ВИДЕО) Иран: Немаме проблем со Бугарите, но имаме право да го нападнеме изворот на агресијата против нас

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:42

Крум Ефремов ќе биде македонски амбасадор во Софија

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 12:3618/08/2026 - 13:59

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Горан Наумовски08/08/2026 - 19:50

Паника во Бугарија: Тешко вооружен дрон експлодира на бугарска територија

Горан Наумовски08/08/2026 - 14:57

ВИДЕО: Брод со 238 луѓе се насука на Дунав поради многу ниско ниво на водата

Катерина Ѓуровски29/07/2026 - 08:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео