Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во ЕУ на Северна Македонија и Албанија

Од:

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева денеска истакна дека можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговорите за влез во Европската Унија на Северна Македонија и Албанија.

– Дали може да го добијат двете држави, не можам да бидам сигурна. Добрата вест е што не се разделуваат двете земји, како што сакаа некои земји од Европската Унија. Одлуката е, не подоцна од октомври Советот да се врати кон разгледување на таа тема и да препорача почеток на преговорите, нагласи Захариева.

Таа истакна дека Бугарија ги поддржува и двете земји.

– Ние сметаме дека ќе биде историска грешка, ако не почнат преговорите со двете земји сега, потенцираше Захариева.

Министерката наведе дека позицијата на Бугарија со години е јасна, истакнувајќи дека Софија дава силна поддршка за проширување на ЕУ кон земјите од Западен Балкан.

– Сите држави, дури и они кои се поскептични во однос на проширувањето ја поддржаа европската перспектива за земјите од Западен Балкан, како едни од најголемите двигатели за реформите и демократизацијата во регионот, како и за безбедноста и стабилноста, нагласи Захариева.

Би можело да ве интересира

Почина Бранко Радовановиќ – македонското новинарство загуби уште еден свој препознатлив лик

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Врховниот суд го врати случајот со Модуларната болница на повторно постапување и одлучување

Предраг Петровиќ

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме најниски цени на горива во регионот, за време на минатата влада во 2022 година цената беше 2 евра