А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Захариева им честита на Димитров и Османи, очекува да продолжи спроведувањето на Договорот за пријателство

by А1он31/08/2020 - 10:0231/08/2020 - 10:41277
Share0

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева испрати честитки до новоименуваниот вицепремиер за европски прашања на Северна Македонија Никола Димитров и до новиот министер за надворешни работи Бујар Османи, соопшти бугарското МНР.

Следете a1on на Instagram Instagram

Захариева во честитките истакнува дека Бугарија и натаму ќе ја поддржува интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ и очекува да продолжи билатералната соработка и исполнувањето на договорите меѓу двете земји.

– Верувам дека историската одлука за започнување преговори за пристапување во ЕУ, за која Бугарија вложи многу енергични напори, дава неповторлива можност на Република Северна Македонија да ја покаже својата посветеност кон европските вредности и принципи. Напредокот на вашата земја на патот кон членството во ЕУ ќе зависи од индивидуалните напори за исполнување на одредени критериуми и обврски за зајакнување на пријателството со соседните земји и спроведувањето на билатералните договори за добрососедство, вели Захариева во писмото до Димитров.

Захариева очекува наскоро да продолжи работата на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, како што наведува „со конструктивен став од страна на членовите на Република Северна Македонија и јасна посветеност да се постигне договор за прашањата за кои се разговара“.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во писмото, пак, до новиот шеф на македонската дипломатија Бујар Османи, Захариева нагласува дека со Договорот за пријателство, добрососедство и соработка потпишан на 1 август 2017 година, Софија и Скопје покажаа зрелост и „јасно ја искажаа својата волја за развој на односите, врз основа на заедничката историја, културната и јазичната традиција и зајакнувањето на добрососедските односи во духот на европските вредности“.

-Ја користам оваа прилика да се потсетам и да ја потврдам постојаната поддршка на Република Бугарија за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО и нејзината интеграција во ЕУ. Верувам дека и тогаш и сега сме водени од желбата да обезбедиме подобра иднина за граѓаните и да ги подигнеме односите меѓу двете земји на ниво како што треба да бидат односите меѓу нашите најблиски соседи и пријатели, пишува Захариева во честитката до Османи.

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи очекува новата влада во Скопје „да покаже одговорност и посветеност кон целите поставени во 2017 година“.

– Убедена сум дека над изборните резултати и различните политички амбиции и ставови, е нашата желба граѓаните на Република Бугарија и Република Северна Македонија да можат да ги почувствуваат придобивките од спроведувањето на договорите постигнати пред три години во име на нашата заедничка европска иднина, наведува Екатерина Захариева во четитките до Никола Димитров и Бујар Османи.

bugarijamnrvlada

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски10/09/2026 - 09:1110/09/2026 - 09:45

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Горан Наумовски09/09/2026 - 13:28

Уапсени две Бугарки во Крагуевац – крадеа паричници

А1он08/09/2026 - 17:2408/09/2026 - 17:37

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски08/09/2026 - 14:1608/09/2026 - 15:12

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:3006/09/2026 - 12:33

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

Горан Наумовски06/09/2026 - 12:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео