Загрозениот сведок во „Монструм“: Бев присутен вечерта кога се случи убиството, ги видов и телата

Од:

Загрозениот сведок Е1 во случајот „Монструм“ на денешното рочиште рече дека на денот на петкратното убиство бил присутен кај Смилковско езеро и видел четири тела на земјата.

Запрашан од страна на одбраната, заштитениот сведок рече дека не го видел петтото тело на рибарот.

Исто така, загрозениот сведок истакна дека на 12-ти април кај Смилковско езеро освен црниот голф со затемнети стакла имало уште две возила со сина и бела/сива боја.

За петкратното убиство кај Смилковско езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост.

По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов