А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Загина планинар кој падна во длабока провалија на територијата на Општина Маврово-Ростуше

by А1он29/06/2024 - 18:1529/06/2024 - 18:154084
Share0

Центарот за управување со кризи информира дека денеска околу 12.30 часот на бројот за итни повици 112 вознемирен планинар пријавил дека едно лице од седумчлената планинарска група паднало во провалија длабока педесетина метри и дека при падот се здобило со сериозни повреди на главата, крвари од главата и е во несвесна состојба. Несреќата се случила на територијата на Општина Маврово-Ростуше, пред изворот на Тресонечка Река во близина на месноста „Раскрсницата“.

Добивај вести на вибер

Поради непристапноста на теренот за возила Итната медицинска помош не била во можност да се упати кон местото на настанот.

Од страна на ЦУК веднаш е упатено барање за ангажман на хеликоптер на МВР, а од нивна страна дополнително е ангажиран тим од Специјалната антитерористичка единица (САЕ) „Тигар“, за извлекување на настраданото лице, качување во хеликоптер како и транспорт до болница.

– Повреденото лице кое не давало знаци на живот, во многу тешки услови за лебдење на хеликоптерот, со силен ветер, високи дрвја и стрмни падини на местото на несреќата, со витло со придружба на специјалец од “САЕ Тигар”, е качено во полицискиот хеликоптер и пренесено до ГОБ “8-ми Септември” во Скопје, каде од страна на докторите е констатирана смрт, информираат од ЦУК.

planinar

Би можело да ве интересира

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Горан Наумовски14/04/2025 - 13:14

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски22/09/2024 - 19:0522/09/2024 - 20:42

ВИДЕО: Спасен гловонем човек залутан на Плачковица

Катерина Ѓуровски04/05/2024 - 10:0204/05/2024 - 12:45

Спасен поврeден планинар на Шар Планина

Горан Наумовски04/02/2024 - 17:0104/02/2024 - 17:53

76-годишен скопјанец е планинарот кој почина на Пелистер, потврди МВР

Анита Петровска Рајковиќ20/11/2023 - 11:37

Планинар починал на Пелистер

Предраг Петровиќ19/11/2023 - 15:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен