Загадувањето расте, министерот за животна средина крие зошто 14 од 18 мерни станици не покажуваат целосни резултати

Од:

Само четири од 18 државни мерни станици за квалитет на воздухот покажуваат целосни резултати за загадувањето. Кај другите 14 стои податок дека или не мерат или не даваат податоци за одредени штетни честички во воздухот. Министерот за животна средина, Насер Нуредини, не одговара на прашања испратени минатата недела за исправноста на мерните станици и причините поради кои не се мерат сите штетни честички.

Осумнаесетте државни мерни станици треба да ги покажуваат концентрациите на јаглероден диоксид, азотен диоксид, озон, ПМ 2,5, ПМ 10 и сулфурен диоксид, но податоци за сите нив покажуваат само мобилната мерна станица во Ѓорче Петров, мерната станица Битола 2, Тетово и Куманово.

Денес многу високо загадување со ПМ 2,5 покажуваат станиците во Куманово и Тетово, а високо е загадувањето со ПМ 2,5 во Битола, Ѓорче Петров, Карпош и во Центар

„А1он“ минатата недела објави дека дванаесет од осумнаесетте мерни станици не мерат концентрација на најситните штетни честички – ПМ 2,5. Шесте мерни станици што ги мерат и денес покажуваат концентрации над дозволените 25 микрограми на кубен метар. Многу високо загадување со ПМ 2,5 покажуваат станиците во Куманово и Тетово, а високо е загадувањето со ПМ 2,5 во Битола, Ѓорче Петров, Карпош и во Центар.

Шест мерни станици не покажуваат ниту загадување со ПМ 10 – честички кои заедно со ПМ 2,5 се меѓу оние што достигнуваат најголеми концентрации во воздухот секоја зима.

Од Министерството за животна средина и денес не ги одговорија прашањата за мерните станици испратени од „А1он“ во петокот. Портпаролката на Министерството, Беса Татеши, извести дека прашањата се испратени до соодветните сектори и дека ќе бидат одговорени, но до објавувањето на текстот одговори не стигнаа.

Од Министерството нема објаснување ниту за енормното загадување што викендов го покажа мерната станица во Куманово.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто

Кузеска: Власта да не го игнорира загадувањето, да ги прифати и да ги реализира мерките на СДСМ

Скопје утрово со умерено ниво на аерозагаденост, прекинат прагот на алармирање во Струмица

СДСМ предлага серија на итни мерки за борба против загадениот воздух

Прекинат прагот на алармирање за аерозагадувањето во Струмица