Заев: Започна процесот на чистење на линданот и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС

Од:

Започна процесот на чистење на линданот и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС, што подразбира расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија, објави денеска на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Избраниот изведувач, како што посочува премиерот, е грчката компанија „Полиеко“, а за чистењето на малата депонија Министерството за животна средина и просторно планирање воспостави соработка со две агенции на Обединетите нации – УНИДО и УНОПС.

– Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот од малата депонија во ОХИС изнесува приближно 8 милиони евра. Првичните средства се обезбедени од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а во соработка со УНИДО, додека за обезбедување на потребните дополнителни средства се формираше Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина, во кој се собраа средства од повеќе извори, меѓу кои и од Кралството Норвешка, а имплементациона единица е УНОПС, истакнува Заев.

Како Влада на Република Северна Македонија, посочува премиерот, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, правиме напори да обезбедиме средства од повеќе извори за чистење и на големата депонија, како и за чистење на погонот за електролиза контаминиран со жива.

Би можело да ве интересира

Се извезуваат последните контејнери контаминирана почва од ОХИС од „ЛОТ“ 3, почнува извозот од „ЛОТ“ 4

Пожар избувна во ОХИС, гори оџак и дрвна маса

Орце Костов

Уште 80 тони опасен отпад од ОХИС се испратени на уништување во Франција

Катерина Ѓуровски

Првите количини на опасниот линдан од малата депонија од ОХИС заминуваат од нашата државата

(ВИДЕО) Ковачевски: Со отстранувањето на линданот од „ОХИС“ ги решаваме наследените еколошки проблеми

Ана Ололовска

МВР: Пожарот во „Охис“ го предизвикало лице што ја заварувало оградата, ќе следува пријава

Мери Јордановска