Заев: Законот за јазиците е во согласност Уставот

Од:

Бесрамно е да се зборува дека ги лажеме Албанците со Законот за употреба на јазиците и дека тој по изборите ќе падне на Уставен суд, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „360 степени“ на Алсат-М. Заев посочи дека се што било уставно дискутабилно во законот е тргнато и тој е пуштен на разгледување во Венецијанската комисија.

– Нашата намера е искрена, ние отворено застанавме во кампања за овие прашања, отворено застанавме дури и пред обидот за наша ликвидација, бранејќи ги овие вредности во кои веруваме. Ние веруваме дека употребата на јазиците на помалкубројните заедници е уставно дозволива работа и таму до каде Уставот тоа го дозволува, а е реална потреба на граѓаните треба да го овозоможиме. Секако, секогаш има можности и за критики, но јас заедно со партнерите од владејачката коалиција се договоривме дека не ни е воопшто потребно да носиме нешто како закон ако однапред знаеме дека ќе падне на Уставен суд, зошто би го правеле тоа? Сето она што го има во законот е уставно и верувам дека законот ќе се донесе и конечно во Македонија оваа дебата од самостојноста на државата за потребите на помалкубројните етнички заедници ќе ги затвориме, за да отвориме поважни прашања, изјави Заев.

Во контекст на претстојните локални избори и најавената соработка со ДУИ, Заев вели дека тоа е нов квалитатив во македонската демократија и очекува Албанците да гласаат за СДСМ.

– Јас верувам дека ќе гласаат заради тоа што тоа се избори на личност, избори на програми, а после тоа се партиите. Верувам дека ќе не гласаат секаде каде што имаме и наши кандидати. Ние веќе многу одамна не ги делиме гласачите на гласови албански, македонски, ромски, турски, тоа се гласачи за граѓани. Првпат во Македонија ќе има и гласање од страна на Македонци за албански кандидати. Тоа е поддршката која ќе ја дадеме веројатно и во Кичево. И таму размислуваме да дадеме директно поддршка. Тоа штабот го анализира. Тоа е убав квалитатив во Македонија, да гласаме за граѓани, за имиња и презимиња, за програми, тоа е иднината на секоја земја, па така и на нашата земја. Јас верувам дека во еден ваков концепт воспоставуваме една долгорочна соработка, која и тоа како ќе биде од корист исклучиво на граѓаните, изјави премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?