ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Од:

Вчерашната објава на пратеник од ВРЕДИ, со која се обиде како успех да го прикаже двојазичното објавување документи во Службен весник, заврши како јавен доказ за неспроведување на законот од институциите што токму тие ги раководат, велат од ДУИ.

– Службен весник не функционира по политичка желба, ниту по моментален каприц. Тој има законска обврска објавите да ги публикува на два јазика, согласно важечкиот правен поредок. Значи, пратеникот на ВРЕДИ, во обид да се пофали, всушност промовираше спроведување на закон што тие секојдневно го оспоруваат.

Уште потешко, со самата споредба што ја направи со други институции, јавно призна дека многу институции не ја почитуваат законската обврска за употреба на албанскиот јазик.

Тоа значи дека проблемот не е толкувањето на законот. Проблемот е неспроведувањето на законот.

Владата и Претседателката не можат да се кријат зад пропагандата на своите пратеници.

Кога целта е манипулација со јавноста, вистината сама излегува на површина.

ВРЕДИ го призна тоа што граѓаните секојдневно го гледаат: албанскиот јазик се оттурнува од институциите преку систематско неспроведување на законот.

Бараме целосно и итно почитување на Законот за употреба на јазиците од секоја државна институција, без исклучок, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ