Заев: Заедно можеме многу, очекувам во „Отворен Балкан“ да се приклучат и други

Од:

Балканот веќе не е темпирана бомба, туку симбол на пријателство, а регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ сега ни создава можности да направиме многу и сами да го подобриме квалитетот на животот на граѓаните, вели премиерот Зоран Заев.

Заев во интервју за Танјуг, посочи дека кога го зборува тоа, говори со истите размислувања со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама, и додава дека во наредниот период, и покрај негативните реакции што доаѓаат од Приштина, Сараево и Подгорица, кои се безначајни, бидејќи ставовите на граѓаните според анализите што ги видел се позитивни, верува дека на оваа иницијатива ќе се приклучат и другите земји.

-Што е тука лошо ако дејствуваме заедно во случај на пожар, поплава или земјотрес. Ние тројно ги зголемуваме нашите капацитети, што значи повеќе спасени животи, како и заштитени имоти, кажа Заев, порачувајќи дека фокусот во наредниот период ќе биде границите меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија да работат на принципот „Без задржувања, само тргни“.

Како што беше порачано на самитот, ако се надминат слабостите на администрацијата, на 1 јануари 2023 година, нема да има граница меѓу нашите земји.

Заев нагласи дека тоа ќе биде отворен простор и дека ДДВ ќе се поврзе на софтверски начин, така што, доколку камион тргне од Нови Сад за Гевгелија, сите податоци за ДДВ ќе минуваат низ еден систем.

-Губиме една милијарда евра чекајќи на границите. Нашите безбедносни системи и Министерствата за внатрешни работи имаат одлична соработка и споделуваат работи за евентуална борба против криминалот и корупцијата. Заедно ќе инвестираме во веројатно најголемата фотоволтаична централа од околу 700 мегавати, изјави Заев.

Тој посочи дека се отворени можности за финансирање проекти кои директно ќе им помогнат на граѓаните, без чекање тоа да се направи преку поглавјата и членството во ЕУ.

-Кога ќе ја напуштам мојата Струмица, и додека не стигнам во Белград, Горњи Милановац или Нови Сад, патарините ќе ми бидат пониски за пет отсто, можеби дури и за 10 отсто и тоа ќе важи за сите Македонци, Срби и Албанци. Хотелите исто така ќе понудат 10 отсто попуст за сместување и за рестораните за граѓаните од „Отворен Балкан“, изјави Заев.

Тој нагласи дека мора да се работи на меѓудржавните врски, како и на врските на нашите економии, комори, уметниците од сите области.

-Мислам дека ќе постигнеме голем успех за сите граѓани. Европа работи со нас и ни помага, но додека ја чекаме Европа, можеме да се европеизираме – Србија да ги отвори првите кластери преку кои ќе затвори многу од нејзините поглавја, како и додека Црна Гора е на тој пат, потоа Албанија и ние додека чекаме да го добиеме кандидатскиот статус. Тоа е нешто што ние го чекаме 16,5 години, кажа Заев.

Како што изјави, со истите размислувања зборува со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со премиерот на Албанија, Еди Рама.

-Бидејќи имаме искрени намери, можеме само да се надополнуваме. Покрај тоа, како обединет регион, многу повеќе ќе не почитуваат во Западна, Северна и Централна Европа, бидејќи заедно можеме да понудиме поголем обем на производство, да привлечеме повисоки стапки на туризам и да понудиме квалификувана работна сила, наведе Заев.

Како што кажа, фабриките што имаат интерес да инвестираат во Врање, можат да бидат успешни доколку привлечат работна сила од Куманово.

-Како што постојат фабрики како во Струга Магна од Канада, кои треба да привлечат кадри и работници од Албанија, оцени Заев.

Тој нагласи дека е неопходно да се подобрат реформските процеси, владеењето на правото, целокупната слобода, здравството, образованието и регионалната соработка.

Целта, кажа тој, е младите да останат во својата земја и ги наведе придобивките што се постигнати досега.

-Секој граѓанин на Србија, Албанија и Северна Македонија, кој заболел од корона, може бесплатно да се лекува во сите три земји.

Заев наведе дека се потпишани договори со кои се унапредија системите на институции, а на самитот во четвртокот, беше потпишан договор за заедничко дејствување и обединување на сите капацитети на системот за безбедност и заштита од катастрофи.

-Потпишавме и договор и меморандуми за признавање на работните дозволи и дозволи и меморандуми за забрзување на меѓусебните економски транзитни правци, со крајна цел да не чекаме на границите, камионите и граѓаните да поминуваат што е можно побрзо, кажа Заев.

Сите три земји, кажа премиерот, работат заедно и на создавање фонд што ќе ги мотивира актерите, режисерите и сценаристите да снимаат филмови, како тим, заедно.

Ќе им се помогне и на хотелите, додаде Заев, и тие за возврат ќе примат околу 1.000 деца од сите три земји, на седум до десет дена на Копаоник, Златибор, Нови Сад, Охрид, Дојран, Драч, Саранда.

-Сето ова води до позитивни резултати. Сега сме заедно, ние кои треба да им служиме на граѓаните и економијата, изјави премиерот на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Заев: Не станува збор за никакво бришење на историјата, очекувам исчекор по изборите во Бугарија и кај нас

Катерина Павлова-Николовска

Заев: Целта ни е зелена енергија, одржлив раст, здрава животна средина и нови работни места

Заев-Сера: Историската посета на Мадрид исчекор кон продлабочување на соработката меѓу двете земји

Ана Ололовска

Заев: Со новата инвестиција на „Текнопанел“ се отвораат 120 нови работни места со просечна плата над 33.500 денари

А1он

Заев: Се отвораат нови добро платени работни места, глобалните компании ја препознаваат поволната бизнис клима во земјата

А1он

Заев на состанок со амбасадорите од ЕУ: До крајот на словенечкото претседателство да се постигне напредок во евроинтеграцијата на државата

Ана Ололовска