(ВИДЕО) Заев: За влез во ЕУ потребна ни е поддршка од соседите

Од:

Имавме конструктивна размена на мислења во однос на перспективите на Македонија во ЕУ. Се согласивме дека Македонија и останатите земји од Балканот се партнери на ЕУ и ни треба нивна поддршка повеќе од кога и да било, изјави Премиерот Зоран Заев, по средбата со Комесарот Хан.

– Ова е мојата прва официјална посета откако бев избран за Премиер на Владата на Република Македонија. Тоа ја покажува нашата јасна ориентација и посветеноста на мојата Влада за да го зајакнеме процесот на интеграциите во ЕУ. За нас членството во ЕУ нема алтернатива. Членството во ЕУ е клучен стратешки приоритет на Република Македонија. Имаме за цел да ги отпочнеме преговорите за членство што е можно побрзо. Македонија е земја кандидат за членство од 2005 година и се уште ги нема започнато преговорите за членство. Верувам дека ќе се согласите со мене дека е крајно време овој процес да се придвижи нанапред, вели Заев.

Тој изјави дека за Македонија од огромно значење е развојот на добрососетските односи и дека новата влада веќе почнала да работи на подобрување на односите со соседите.

– Развој на добрососедските односи е друг важен дел од мојата програма. Ни требаат добри и силни односи, соработка со нашите соседи, кои ќе бидат базирани на заедничка почит. Заради тоа, мојата прва билатерална посета овој месец ќе биде во Софија, да се сретнам и дискутирам со премиерот Борисов за тоа како може да ја зајакнеме соработката и да изградиме мостови за взаемна поддршка. Исто така, министерот за надворешни работи патува во Атина во среда со цел да отвори нови можности за поблиска политичка соработка, рече Заев.

На новинарското прашање како новата Влада планира да ги спроведе реформите за кои е потребено двотретинско мнозинство во парламентот, Премиерот Заев рече дека очекува од опозицијата да соработува со Владата бидејќи тоа е единствен и најбрз начин Македонија да се врати на евроатланскиот пат.

Би можело да ве интересира

Зеленски со писмо до ЕУ: Предлогот за придружено членство на Украина е неправеден

Христофору: Фон дер Лајен е вознемирена затоа што Брисел знае од каде полетуваат дроновите

Филипо: Пресудата против „Еуроклеар“ би можела да ја парализира ЕУ

СДСМ: Мицкоски не сака во ЕУ, тој сака власт без контрола и без одговорност

„Гардијан“: Европа мора да се однесува како Кина за да ја преживее ерата на хаосот

Дмитриев: Енергетската криза ги отвори „затворените очи“ на ЕУ

Горан Наумовски