Заев за разрешувањето на Пауновски: Непочитувањето на етичкиот кодекс и инаетењето по медиуми не е одлика на добар директор

Од:

Стојко Пауновски е разрешен од функцијата со одлука на Владата поради непочитувањето на етичкиот кодекс кој се обврзани да го почитуваат сите јавно избрани функционери од извршната власт, рече премиерот Зоран Заев во одговор на пратеничката Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која го праша врз основа на кои членови од законот е разрешен директорот на Државниот пазарен инспекторат.

Заев објасни дека се работи за инает на еден директор, кој не ја почитувал владината одлука на која се согласиле 237 институции за распределба на кадри, за кои нагласи дека не се нововработени.

„Согласност дадоа сите овие институции кои решија да бидат и солидарни. Законот за преземање на административни службеници е донесен во декември и утврдува дека директорите се должни да ги адаптираат своите систематизации. Значи, распоредување на конкретни работни места со конкретни работни ангажмани. Станува збор за законско решение со кое оваа група на вработени конечно добиваат работен ангажман. За жал, Пауновски одби да го спроведе ова законско решение и дури и одби да разговара за ова прашање, не креваше на телефон, не сакаше средба. Тоа не е одлика на добар директор. Инаетење преку медиуми не е добро за еден директор. Тој и не постапи солидарно ниту пак, според одлуките на Владата. Од моја страна се обидов да соработуваме и по ова прашање. Тој е мој пријател и сопартиец. Жалам за коментарите дека ми пречел пркосот, но инаетењето да не се спроведе закон и одлука на Владата и да не се почитува етичкиот кодекс кажуваат за неговиот однос. Инаку, Владата именува и разрешува директор на Државен пазарен инспекторат. Етичкиот кодекс говори и за работење во функција на углед на Владата и да не и се нанесе штета на Владата и на институцијата со која раководи. Ако не ги почитува овие одредби, тогаш на тоа и се укажува, потоа и писмено се доставува и се преземаат мерки. Така е и постапено, одлуката на Владата за негово разрешување е донесена со консензус“ , рече Заев.

Пратеничката Силјановска не беше задоволна од одговорот и рече дека премиерот не цитирал ниту еден член од конкретен закон кој Пауновски го прекршил и додаде дека кодексот не може да биде над законот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ДПИ издаде 360 прекршочни платни налози и 28 решенија за привремена забрана на дејност

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија