(ВИДЕО) Заев за непотизмот: Не гледам одговорност, не верувам дека роднините на функционерите се вработени незаконски

Од:

Премиерот Зоран Заев, по завршувањето на средбата со Биљал Касами, одговарајќи на новинарско прашање, за новите скандали со непотизам изјави дека не гледа дека има кршење на одреден закон при вработувањето на членовите на семејствата на функционерите.

Заев вели дека и тие биле граѓани на оваа држава, така што сите требале да имаат еднаков пристап до вработување.

„Реков ако некаде е прекршен закон или правна процедура ќе има одговорност. Не верувам дека членовите на семејствата на функционерите се примени на работа надвор од законот, немам таков доказ. Се работи за етички однос и ги поздравувам одлуките на функционерите кои имаа етички пристап. Од друга страна немаме намера да одиме во крајност, треба да го гледаме граѓанинот, како личност, бидејќи пред законот секој има еднаков пристап до работа во оваа земја. Не гледам никаква одговорност, Кирацовски е пратеник и секретар на партијата, секогаш бил транспарентен и секогаш постапувал одговорно во носење одлуки“, рече Заев.

Пред само неколку дена премиерот Заев јавно ги повика функционерите кои имаат вработени роднини во државна служба да покажат морална одговорност и да ги повлечат од работните места. Дел од нив, ги повлекоа, дел изјавија дека не чувствуваат одговорност и не се одзваа на неговиот повик.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

Орце Костов

Николовски за внукот кој работи во М-НАВ: Се работи за највисоко стручен кадар, треба да се бориме таквите да ги задржиме дома

Александар Тодески

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов