Заев: За Јанакиески не ми е сеедно, но нема да се мешам во судството

Од:

За Јанакиески не ми е сеедно, но нема да се мешам во судството, одговори премиерот Зоран Заев на новинарското прашање дали може да делува во врска со притворот на ексминистерот за транспорт и врски, кој веќе десет дена штрајкува со глад во истражниот затвор во Шуто Оризари. Заев додаде дека е против користење на мерката притвор, но како што рече се борел против режим каде имало интервенирање во судството и дека тој нема намера да го стори тоа.

„Не треба да се служи казна за некој кој не е правосилно осуден, така што и притворот не смее да биде казна. Господинот Миле Јанакиески има три деца, како што јас имам две, и тоа како не ми е сеедно. Но во исто време тоа не ми дава за право да го менувам правниот систем, да влијаам во правниот систем и да правам притисок. Можеби со инвентивноста на вашето прашање ќе помогнете некако, или пак јас со мојот одговор, но до тука е црвената линија“, рече Заев.

Во однос на прашањето за смените на директорите кои требаше денеска да се случат по најавите на Заев за „метла“ во вториот и третиот ешалон на власта, рече дека веќе се донесени 14 одлуки за разрешување и дека најверојатно идната недела на владина седница ќе донесе одлука за уште десет смени. Одложувањето, според Заев, е затоа што се уште траат разговорите со дел од директорите кои треба да бидат назначени на функциите, рече Заев на прес-конференција за снимката од телефонскиот разговор со руските комичари Владимир Кузенцов и Алексеј Столаров кои лажно се претставуваат како поранешниот украински претседател Петро Порошенко.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот