(ВИДЕО) Заев за Боки 13: Можеш да ме величаш колку сакаш, си се огрешил пред закон – има да одговараш

Од:

Иако добил порака, експремиерот Зоран Заев во април лани не се сретнал со Бојан Јовановки, првообвинет во случајот „Рекет“. Комуникацијата беше покажана денеска во судот во рамки на доказната постапка во случајот „Рекет“, а Заев за контактирањето со Јовановски зборуваше на прес – конференција во седиштето на СДСМ одговарајќи на новинарско прашање дали се случила средба меѓу нив.

„Човекот пушти порака, но немаше средба. До мене веќе дошле информациите и тоа е индиција за сериозен криминал. Како ретко кој случај во Европа јас го пријавив случајот, како вршител на една од најмоќните функции во државата сум создал простор кај институциите и Обвинителството  да работат независно. Некои викаат Господ те штител, не, или си таков или не си таков“, рече Заев.

Од говорницата во СДСМ Заев порача дека Бојан Јовановски, познат на јавноста како Боки 13, треба да одговара.

„Можеш да бидеш газда на провладин медиум, можеш да ме величаш колку сакаш, си се огрешил пред закон – има да одговараш“, рече Заев.
Со пријавата на случајот Заев вели дека дал можност да фунцкионира правната држава, за разлика од Никола Груевски.

„Кога зборувавме за милијарди, слушнавте ли тогаш Никола Груевски да пријави некој случај? Има разлика. Премиер  може да забошоти ако сака или да покаже како треба да функционира државата. Прашањето е како постапува државата кога ќе се случат вакви случаи Тоа е разликата дали сме европска земја или припаѓаме на минатото“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески