Заев за АНА-МПА: Решение што ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни

Од:

Градењето заемна доверба и гаранцијата дека решението ќе биде конечно и ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни, се најважните делови од преговарачкиот процес, вели македонскиот премиер Зоран Заев во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.

Заев истакнал дека Скопје нема иредентистички аспирации и според државната агенција, додал дека „Алексис Ципрас е искрен и верува дека решението на проблемот со името ќе биде добра разврска за неговата земја“, јавува дописникот на МИА од Атина.

– Градењето доверба меѓу двете страни – она што го правиме сега – и како ќе им гарантираме и на двете страни дека конечното решение ќе биде засекогаш, дека ќе ги заштити достоинството и идентитетот на двете страни, е најважниот дел од процесот, рекол премиерот Заев за АНА-МПА за врме на неговата официјална посета на Берлин.

Во однос на тоа дали постои можност да се постигне решение до следниот НАТО Самит во јули, Заев вели дека постојат разликите во прашањето за името, но постои и можност за решение, со гаранции за народот, а не само за политичарите.

– Постои можност да најдеме решение, но само ако изградиме доверба и ги дадеме неопходните правни гаранции во преговарачкиот процес во однос на она што ќе биде прифатено од народот, а не прифатено само од Заев и Ципрас или од Димитров и Коѕијас, рекол македонскиот премиер за грчката државна агенција, пренесува МИА.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија