Заев за 27 април: За да не се случи голема трагедија и најлошото, помогнаа разумот и присебноста на мнозинството од пратениците

Од:

„Сите обиди да се бришат белезите низ кои е запаметен 27 април 2017 година како најмрачен ден во поновата македонска историја се залудни и се израз на апсурдната и бесмислена намера да се прикажат како патриотизам дивеењата низ храмот на демократијата. Опасни и антинародни се обидите тепањето и влечењето по подот пратеници претепани до бесознание и насилството врз новинарите да се прикажува како одбрана на Устав“, напиша премиерот Зоран Заев на својот фб профил по повод 4-годишнината од насилниот упад во Собранието.

„Тој ден се обидоа да го погазат народот и да ја доведат државата на работ на граѓанска војна само за да ја одбранат политичката иднина на човекот кој потоа истите тие свои следбеници ги осуди и избега од правдата.

Нема ништо да го избрише, ниту да го смени фактот дека на 27 април 2017 година, имаше организирана и со насилство спроведена монструозна акција од лидерите на тогашната владејачка партија кои беа решени да се задржат на власт по секоја цена, без најмало чувство за одговорност и за последиците на нивните мрачни амбиции.

Упадот и обидот за окупација на домот на македонската демократија беа агресија против секој граѓанин на Република Северна Македонија, против темелите на парламентаризмот и претставуваат предавство на идеалите и принципите на слободата и демократијата.
Денес, сѐ уште се чини неверојатно дека безумието отиде до таму што некои од насилниците, за да го реализираат нивниот монструозен план и намера, биле подготвени и за ликвидации.

За да не се случи голема трагедија и најлошото, помогнаа разумот и присебноста на мнозинството од пратениците, храброста на поединците и силниот порив кај секој од нив, за безумието да заврши без трагични последици.

Сите намери и мотиви се разобличени низ независна истрага и низ повеќе судски процеси, во исказите на сведоците и непосредните учесници во тие застрашувачки дејанија во Собранието.

Застапниците на слободата и демократијата сепак победија. Мнозинската волја на граѓаните, застанати зад идејата за едно современо општество, ја донесе одлуката за поинаква, граѓанска, демократска Северна Македонија. Демократското водство презеде дополнителни историски чекори да ја стави земјата во редот на слободните и напредни демократии, што се потврди со прифаќање Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО и безусловната препорака да ги отпочне преговорите со ЕУ“, кажа Заев.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев