Заев за 27 април: Доколку има нови докази, осудените имаат право на ново судење

Од:

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, одново да им се суди на осудените за крвавиот упад во Собранието пред четири години. Заев кажа дека за тоа дали ќе има ново судење, треба да одлучат судските истанци, како и дека шефот на државата Стево Пендаровски не поддржал таква иницијатива.

„Претседателот не го поддржа повторно судење и ве молам прашајте го, јас сум во котанкти со него. Тој кажува отворено, а тоа е и мојот став дека како и за сите други случаеви, секој има право да отвори постапка на повторување на судење ако има нови докази, нови аргументи, кои ќе влијаат, Судскиот совет, надлежен за таа работа, одлучи за тоа. Ако се случуваат непринципелни работи, надвор од вредностите во кои што живее и верува огромно мнозинство од нашиот народ, тогаш системот на пеналење и казнување губи смисла. Така што, никако помилувања и амнестии во тој дел. Правото го имаат сите граѓани, вклучително и тие кои се осудени за настаните од 27 април, ако има нови моменти и докази, а така го појасни и претседателот на државата“, рече Заев.

За осудените за крвавиот упад во Собранието на 27 април, ќе разговараат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот Стево Пендаровски во петок, најави на брифинг опозициската партија.

Мицкоски веќе се изјасни дека е за одново отворање на случајот и одново судење за обвинетите. Тој објасни дека казните за осудените се драконски и дека тие не се терористи, иако им се судело за такво дело.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?