Заев во вторник оди во Рим, средба со италијанскиот премиер Конте

Од:

Македонскиот премиер Зоран Заев во вторник ќе оди на средба во Рим со италијанскиот премиер Џузепе Конте. Веста за средбата на Заев со Конте е потврдена, а посетата се поврзува со ставот на Италија од идниот месец да го врати во игра прашањето за старт на преговори на ЕУ со Македонија.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте, пред една недела изјави дека Италија ќе предложи рестартирање на разговорите за проширување на ЕУ со Македонија и со Албанија уште во ноември и поради тоа премиерот Заев доби покана од него многу скоро да го посети Рим.

По средбата со Конте, премиерот Заев лета за Брисел на работната вечера што Високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и беѕбедност, Федерика Могерини ја организира со лидерите на Западен Балкан.

Овој пат вечерата е закажана порано од вообичаениот термин во декември, поради тоа што се работи за последните денови на Могерини на чело на евроспката дипломатија и чиј мандат истекува на 1 декември.

На средбата се очекува да се разменат мислења за случувањата во регионот, за предизвиците и за она што е постигнато досега. Потврдено е дека во Брисел ќе одат сите шест западнобалкански партнери.

Би можело да ве интересира

Дупка длабока 10 метра прголта автомобили во Рим

Италија: Романски тинејџер е застрелан на метро станица во предградието на Рим

(ВИДЕО) Експлозија во Рим: Тројца извлечени од под урнатините

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Во Рим ротвајлер падна од третиот кат врз трудница

Предраг Петровиќ

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов