Стотици илјади чавки го окупираа Рим, жителите очајни поради бучавата и непријатните мириси

Од:

Стотици илјади чавки се спуштија во Рим, предизвикувајќи растечко незадоволство кај жителите поради нивното гласно огласување, големите количини измет и непријатните мириси. Градските власти применуваат различни методи за да ги оддалечат од населените места, пренесува порталот „Roma Today“.

Познати по своите спектакуларни, синхронизирани летови, овие птици секоја зима мигрираат во голем број од Северна Европа кон Италија, во потрага по потопла клима. Рим им нуди засолниште од грабливци во текот на ноќта, поради што огромни јата се собираат во главниот град.

Матео Зоки, општински службеник задолжен за животната средина, изјави за италијанскиот портал дека локалната администрација се зафатила со решавање на проблемот и моментално идентификува зелени површини кон кои би можеле да се насочат птиците, со цел да се поттикнат да ги напуштат населените делови на градот.

„Ги има стотици илјади. Се соочивме со сериозни предизвици, бидејќи моравме постојано да ги чистиме улиците“, рече Зоки, додавајќи дека ситуацијата на плоштадот „Пјаца Џонио“ (Piazza Jonio) моментално е помалку критична отколку во претходните недели, благодарение на интервенциите на општинските служби и соработката на локалните жители.

Според него, целта не е да се уништат птиците, туку да се пренасочат кон други локации, за жителите да можат непречено да ги користат јавните простори.

„Не верувам дека имаме право да ги уништиме“, изјави Зоки.

Јатата чавки, кои во изминатите неколку недели им создадоа големи проблеми на жителите на римската населба „Прати Фискали“ (Prati Fiscali), по спроведените интервенции делумно се повлекоа од плоштадот „Пјаца Џонио“. Сепак, тие се проширија на околните улици – вклучувајќи го просторот околу улиците „Виа Монте Виљо“ (Via Monte Viglio) и „Виа Капраја“ (Via Capraia), како и долж улицата „Виа деи Прати Фискали“ (Via dei Prati Fiscali).

Во раните вечерни часови, чавки се собираат на дрвјата, создавајќи неподнослива врева, додека нивниот измет ги покрива тротоарите и автомобилите. Жителите во најпогодените делови почнаа да користат чадори за заштита, а некои избегнуваат да ги паркираат своите возила под дрвјата.

Со оглед на размерите на проблемот, градските власти оваа недела спроведоа тридневна операција за растерување на птиците, користејќи различни методи. Жителите и сопствениците на локални бизниси беа охрабрени од своите балкони и прозорци да пуштаат снимки од звуци што ги испуштаат чавките кога се вознемирени или во опасност, а кон крошните на дрвјата беа насочени и ласерски зраци.

Во операцијата беше вклучена и обучена птица грабливка по име Џеронимо, која ја носеше соколар под дрвјата каде што се собираа јатата.

Марко Марин, потпретседател на комитетот „Прати Фискали“ (Prati Fiscali), изјави дека сè поголем број граѓани пријавуваат проблеми; некои дури почнаа да користат и топови за плашење птици, надевајќи се дека бучавата ќе го избрка јатото. Сепак, експертите предупредуваат дека честото користење пиротехника може да има спротивен ефект, бидејќи птиците со текот на времето се навикнуваат на бучавата и повеќе не ја доживуваат како реална закана.

Би можело да ве интересира

Босанец (29) со нож и пиштол им се закануваше на минувачи кај Колосеумот во Рим

А1он

(Фото) Торнадо го погоди Рим – силен ветер корнеше сообраќајни знаци, носеше покриви и собори дрвја

А1он

Чествувањето на св. Кирил во Рим завршува со концерт на камерниот ансамбл „Консонанс“

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во зграда во Рим – има тешко повредени

А1он

(ВИДЕО) Дел од кулата во Колосеумот во Рим се урна: Маж заробен под урнатините

Предраг Петровиќ

Рим: Деветгодишно дете е во критична состојба откако е претепано од врсници