А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев во Брисел на средби со Туск, Могерини, Хан и Столтенберг

by А1он12/06/2017 - 07:59180
Share0

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска ќе престојува во прва официјална посета на Брисел, каде ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск, високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на ЕК, Федерика Могерини, со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Целта на првата посета на Брисел по преземањето на должноста е Владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и НАТО, како стратешка цел на земјата и да ги презентира реформските приоритети во владината агенда за враќање на државата на патот на евроатланските интеграции, соопшти службата за информирање на Владата.

Заев ќе биде придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Во пресрет на посетата порачува дека како премиер длабоко ги цени пораките за поддршка на новата Влада кои деновиве ги добил од челниците на ЕУ и НАТО.

– Сите без исклучок гледаат голема надеж во мојот Кабинет и во новата Влада да ја врати земјата на европскиот пат. Тоа за нас е дополнителен мотив веднаш да се зафатиме со реформските процеси што сме ги ветиле пред граѓаните и пред нашите пријатели во Брисел да претставиме конкретна реформска агенда, која ќе ги деблокира процесите за напредок кон членство во ЕУ со обновување на препораката за почеток на преговори, која поради политичката криза е замрзната веќе две години. Владата е силно посветена со конкретен план за реформи во соработка со институциите на ЕУ да работи и на изнаоѓање решенија за отворање на поглавјата 23 и 24, како суштински не само во процесот на преговори за пристапување, туку и за реформите на домашен план, коишто треба да го вратат владеењето на правото и довербата на граѓаните во институциите, порачува претседателот на Владата.

Следете a1on на Youtube YouTube

Итните реформски приоритети, веќе посочени од ЕУ, истакнуваат од Владата, се во фокусот и на НАТО. На средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, владината делегација ќе ја презентира решеноста за унапредување на добрососедските односи врз основа на заемно почитување, определбата да се продолжи со придонесот во мисиите на Алијансата, како и заложбите да се обезбедат сите потребни предуслови за натамошно осовременување на Армијата на Република Македонија, согласно со стандардите на НАТО, пишува во соопштението.

briselZaev

Би можело да ве интересира

Христофору: Фон дер Лајен е вознемирена затоа што Брисел знае од каде полетуваат дроновите

Горан Наумовски21/05/2026 - 20:12

Денови на македонската култура во Белгија

Катерина Ѓуровски04/05/2026 - 10:38

Политико“: Мерц ги напаѓа Трамп и Брисел како никогаш досега

Горан Наумовски29/04/2026 - 14:2329/04/2026 - 14:45

Унгарија тврди дека Брисел и Киев формираат воена коалиција

Горан Наумовски12/02/2026 - 14:14

Унгарија му сврте грб на Брисел: „Не сметајте на нас“

Горан Наумовски22/01/2026 - 21:34

Маск: Брисел повеќе не е белгиски град

Горан Наумовски31/12/2025 - 13:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто