Заев: Во април ќе добиеме вакцини од Европската Унија

Од:

Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил објави дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со која зборувале за соработката меѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан во услови на здравствена криза.

???? Во телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен разговаравме за соработката…

Posted by Zoran Zaev on Saturday, 27 March 2021

-Претседателката ме извести дека ЕУ обезбедува 651.000 дози вакцини за заштита од Ковид-19 како директна помош за граѓаните на земјите од Западен Балкан, а соодветен дел од нив согласно бројот на жители во текот на април ќе пристигнат и во Северна Македонија, информира Заев.

Додава дека заеднички констатирале оти европската соработка и солидарност мора да бидат на прво место во услови на глобална пандемија и загрозено јавно здравје, и ја потврдиле обостраната силна заложба за забрзана интеграција на регионот кон Унијата.

Би можело да ве интересира

Рокас: Фон дер Лајен се надевам ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Фон дер Лајен идниот месец во посета на Западен Балкан

А1он

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Фон дер Лајен подготвува забрана за социјалните мрежи за младите во ЕУ

А1он

Фон дер Лајен ги призна проблемите: Летните патувања заглавени поради новите контроли на ЕУ

А1он

Фон дер Лајен е лажга, вели Марија Захарова