Урсула Фон дер Лајен во Скопје

Од:

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска доаѓа во официјална посета на Скопје како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Како што соопшти владината прес-служба, Фон дер Лајен ќе има тет-а-тет средба со премиерот Христијан Мицкоски, по која ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата.

Фон дер Лајен ќе има средба и со претседателката Гордана Сиљановска-Давковa во Вила Водно. Ќе се разговара за европската перспектива на земјата и регионот и за процесот на пристапување кон ЕУ.

На средбите се очекува да стане збор и за проблемот со Бугарија и за можностите за негово надминување.

Посетата на нашата држава е дел од турнејата на Фон дер Лајен низ Западен Балкан. Во рамки на турнејата таа ги посети Албанија, Црна Гора и Косово.

Овој пат Србија и Босна и Херцеговина не беа дел од нејзината агенда. Портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, соопшти дека двете земји се изоставени бидејќи се подготвуваат за избори. Србија ќе одржи предвремени парламентарни избори на 25 октомври, а во Босна и Херцеговина се закажани општи избори на 4 октомври.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: Нема да отстапиме од македонските национални интереси, но и од стратешката цел – да бидеме дел од европското семејство

Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Мицкоски на Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

Писмениот дел од правосудниот на мајчин, усниот на македонски, инсистира Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Мицкоски има одговор за изјавите на Радуков и Демерџиев, ама вели не заслужуваат внимание