Заев: Верувам во голема победа на нашата коалиција зашто е стабилна и единствена

Од:

Разноликоста на листите е потврда за слободата, а слободата носи повеќе демократија. Се работи за многу важни избори зашто личностите се доминанти во перцепцијата на граѓаните кои треба да ја дадат довербата за следните четири години. Оттука, многу е логично да се јават повеќе охрабрени граѓани и за советнички листи и за градоначачници, рече денеска премиерот Зоран Заев.

Според него, СДСМ има одлична соработка со ДУИ, БЕСА и со ДПА, а коалицијата е стабилна и единствена.

-Верувам во голема победа на нашата коалиција зашто е стабилна и единствена. Имаме одлична соработка со ДУИ, како што имаме и со БЕСА и со ДПА. Поддршката заемно ќе си ја довериме и дадеме, веруваме дека така многу подобро ќе им служиме на граѓаните пред се, зашто сме и централна власт, а заеднишвото пресликано на локално ниво ќе биде капацитет повеќе за полесно да се справиме со предизвиците и да имплементираме колку што може повече проекти во иднина, истакна Заев, одговорајќи на новинарски прашања по означувањето на почетокот на изградбата на 400-киловолтниот интерконективен далекувод Битола – Елбасан.

Општините, оцени, не доживеале таква поддршка каква што имаат во изминативе четири години.

-Педесет милиони евра дадовме директно за да се одблокираат општините, за да ги вратат своите долговите. Се реализираат и многу проекти поддржани од ЕУ и Европската банка за обнова и развој, од Светската банка, од меѓународни фонадации, но и проекти од централната власт, подвлече премиерот.

Би можело да ве интересира

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен