А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Важните одлуки за животната средина ќе ги носиме заедно со екологистите

by А1он20/07/2017 - 15:52110
Share0

Премиерот Зоран Заев денес, во својот кабинет ги прими екологистите од невладината организација „Еко-свест“.

Добивај вести на вибер

На средбата беше разговарано за потребата од подобрување на пристапот до информации како и за можностите за поголемо учество на јавноста, особено на стручната, при носењето на одлуките кои се однесуваат на животната средина.

Премиерот Заев им се заблагодари на екологистите за нивниот ангажман, нагласувајќи дека поради нивната работа граѓаните и политичарите станале свесни за проблемите со загадувањето и опасностите по животната средина.

Претседателот на Владата на Република Македонија изрази подготвеност Владата да го поддржи активизмот во насока на изнаоѓање најдобри решенија за ваквите проблеми, особено оние кои се однесуваат на аерозагадувањето.

Тој, исто така, како потврда на своите заложби, истакна дека веќе е пуштен во процедура закон со кој се предвидува планирање на поголеми зелени површини во урбаните средини при носењето на урбанистичките планови.

Премиерот го поздрави меѓусебното организирање и заедничкиот настап на еколошките организации, и се заложи нивните видувања и аргументи да наидат на отворен прием и да бидат слушнати од надлежните институции.

– Ве охрабрувам да бидете критични кога треба, и да давате предлози кога сметате дека е неопходно за подобрување на состојбата, затоа што здравјето на граѓаните е еден од врвните приоритети на нашата Влада. Нема да изгубиме ништо ако се здружиме. Напротив, можеме само да добиеме со тоа што ќе ги споиме сите наши капацитети – истакна премиерот за време на средбата.

ekoZaev

Би можело да ве интересира

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42

(ВИДЕО) Aндоновска: Заев, Филипче и Николовски, дозволиле 2.000 тони пченица и јачмен од државните резерви да заврши на црниот пазар

Горан Наумовски28/11/2025 - 12:1828/11/2025 - 15:50

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Катерина Ѓуровски14/10/2025 - 12:33

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 12:40

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

Катерина Ѓуровски07/10/2025 - 09:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен