Заев упати честитка до граѓаните по повод Денот на сесловенските просветители

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев, денеска упати честитка до граѓаните по повод 24 мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

„Во мое лично име и во името на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, упатувам искрени честитки по повод овој голем ден со желби за понатамошен успех во промоцијата на македонската посебност, традиција и култура.

Браќата Кирил и Методиј дадоа огромен цивилизациски придонес не само за македонскиот, туку и за сите словенски народи. Поставувањето на темелите на писменоста на македонскиот и на останатите словенски народи, како основно културно обележје, е само дел од придобивките со кои нè задолжија.

Со благородната мисија Кирил и Методиј обединија многу народи. На македонскиот народ, преку писменоста, му овозможија дополнителен влог во промоцијата на сопствената историја, култура и традиција.

Нека ни е честит денот на сесловенските просветители.“

Би можело да ве интересира

ЈСП со променет ред на сообраќај и работно време за празниците

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Во 2025 година пет продолжени викенди

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска