Заев тврди дека не го спасил Али Ахмети од истрагата за пописот на СЈО

Од:

На новинарско прашање дали со предлог-законот за Јавното обвинителство со кој се регулира статусот на СЈО, Зоран Заев го спасил лидерот на ДУИ, Али Ахмети од кривично гонење, премиерот рече дека не го спасил неговиот коалициски партнер од истргата за пописот, со тоа што „бомбите“ нема да се користат како докази во новите предмети на СЈО.

„Апсолутно не. Јас го читав законот, сите процеси за кои постојат докази продолжуваат како процеси и нема дилема за тоа. Доказите се живи и здрави и тие постојат, не може никој да ги сокрие или уништи“, рече Заев додавајќи дека „бомбите“ на СЈО ќе бидат само индиции.

Премиерот рече дека очекува Законот за јавното обвинителство да го поддржат сите политички партии, како што беше и во случајот со донесувањето на Законот за СЈО.

Бомбите се еден од клучните докази во истрагата за пропаднатиот попис која СЈО ја отвори во март 2018 година, а освен Али Ахмети, осомничен е и бегалецот Никола Груевски.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Ахмети размислува да се пензионира, го предомислуваат сопартијците: за Македонија вели треба да оди на предвремени избори

Катерина Ѓуровски

Ахмети: Наместо партнерство, повторно се враќа логиката на доминација

А1он

ВЛЕН: Ахмети е алчен за власт

Горан Наумовски

По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски