Заев и Тевдовски на средба со Лабуристите во Лондон: Работиме на нашата заложба за создавање едно општество за сите

Од:

Во рамки на посетата во Лондон, претседателот на СДСМ и претседател на Владата на Република Македонија, Зоран Заев заедно со членот на ИО на СДСМ и министер за финансии Драган Тевдовски се сретнаа со лидерот на Лабуристите, Џереми Корбин и потпретседателката Емили Торнбери, од најголемата социјалдемократска партија во Европа.

На средбата на социјалдемократите од Република Македонија и Велика Британија беа афирмирани заедничките заложби за создавање едно општество за сите – инклузивно општество базирано врз принципите на социјална правда со фер даноци и поддршка за ранливите групи.

Прeтседателот Заев ги информираше колегите од Велика Британија за демократските реформи што се спроведуваат во Република Македонија, имплементацијата на економските и социјалните мерки, како и напорите што ги прави оваа влада за интеграција во ЕУ и НАТО.

Лидерите на Лабуристичката партија во Велика Британија, Корбин и Торнбери изразија поддршка за активностите на владата предводена од премиерот Заев, кои ја вратија стабилноста во Република Македонија и ги подобрија односите со соседите. Тие оценија дека за една година нашата земја се променила во позитивна насока и ја заслужува посакуваната евро-атлантска иднина.

Би можело да ве интересира

Келин ги откри тајните причини за нападот врз Иран

Половина милион луѓе протестираа против екстремната десница во Лондон, тврдат организаторите

А1он

(ВИДЕО) Четири амбулантни возила на еврејската заедница се запалени во Лондон

(ВИДЕО) Вирална снимка од Лондон: Крадци ограбија златарница сред бел ден

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ