(ВИДЕО) Заев: Судот не го признавам, нека дојдат да ме уапсат во СДСМ

Од:

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска на прес конференција изјави дека судот не го признава и нема да се појавува на рочиштата за случајот „Пуч“.

Нема да продолжам да ја почитувам определената мерка да се јавувам во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка.
Со ваквото мое јавно соопштение, судот е должен согласно Законот за кривична постапка, веднаш да изрече мерка притвор и да ме лиши од слобода.

„Јас сум или во просториите на Партијата или во Кампот на слободата. Слободно можат да дојдат тука и да ме апсат“, рече Заев.

Според него одлуката на судот ја покажува зависноста од извршната власт. Судот нема дадено објаснување за фактите на одбраната. Говорат, вели Заев, и ме обвинуваат за шпионажа, а не кажуваат за која странска служба или држава сум ја вршел таа шпипнажа.

„Лидер на опозицијата се обвинува за насилство врз функционер, затоа што барал техничка влада и предвремени избори, а јавноста знае за договорот на лидерската средба, во присуство и на меѓународната јавност на која се договорени и предвремени избори.

Доказите на Никола Груевски за предметот „Пуч“, не смеат да се користат бидејќи се прибавени со ПИМ мерки. Нивното објавување во јавноста е недозволиво со закон и е кривично дело. Нема налог од Врховен суд за користење на ПИМ мерки, за кривичното дело шпипнажа“, рече Заев.

Невладеењето на правото, објавените прислушкувани разговори, монтираните политички процеси до збор се потврдени во извештајот на Прибе.

„Независно од притисоците врз мене, преговорите ќе продолжат. Како прашање е слободата и иднината на граѓаните. Мора да има фер и демократски избори“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска