Заев: Ставот на Бугарија е анахрон, нема да преговарам за тоа дека сме Македонци кои зборуваат македонски јазик

Од:

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска учествуваше на панелот кој го организираше американскиот тинк-тенк Атлантски совет на тема „Северна Македонија на прагот на Европа“, како дел од истоимената студија што за нашата земја го подготвија експерти на Атлантскиот совет.

На дебатата, на која зедоа учество повеќе познавачи на современа Македонија и на Западен Балкан, меѓу кои и поранешниот генерален секретар на НАТО лорд Робертсон, амбасадорите Роберт Гелбарт, Мајкл Карпентер, како Џејмс Обрајан од транзицискиот тим на претседателот Џо Бајден и Дамјан Марфи од Комитетот за надворешна политика на Сенатот на САД, премиерот Зоран Заев одговараше на прашања од неколку клучни теми кои беа поставени како прашања од страна на присутните и публиката.

Во врска со моменталната ситуација со македонско – бугарските односи премиерот Заев истакна дека непринципиелната позиција на Бугарија спречи овозможување на првата меѓувладина конференција со ЕУ со што требаше да биде означен почетокот на преговорите.

„Нашиот став е дека пријателите не треба меѓу себе да се блокираат. Напротив тие треба си помагаат. Бугарија мора да разбере дека имаме суверено право да се определиме и чувствуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик, а со тоа да се почитуваат и сите европски идентитети кои ги имаме во нашата земја. Сметам дека нивниот сегашен став е анахрон и е спротивен на меѓународното право. Ние како држава ќе продолжиме да ги правиме сите напори да постигнеме надминување на проблемите, притоа почитувајќи се себе си и останатите. Нашата држава е Европа во мало“, нагласи премиерот Заев.

Во однос на внатрешните државни приоритети, премиерот Заев потенцираше дека први на листата на Северна Македонија се унапредувањето на здравствениот и образовниот систем, борбата со корупцијата, како и постигнувањето на сите демократски стандарди согласно вредностите на ЕУ за да го оправда епитетот светилник на демократијата на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

Орце Костов

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

Орце Костов

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска