Заев со лидерите на земјите од НАТО на прием кај кралицата Елизабета

Од:

Премиерот Зоран Заев вечера во Лондон, каде денеска и утре се одржува Самитот на НАТО, на кој се одбележуваат 70 години од Алијансата, заедно со лидерите на земјите-членки пристуваше на прием кај кралицата Елизабета во Бакингенмската палата.

Приемот се приредува за сите делегации, во чест на состанокот на лидери на НАТО.

-Нејзиното Височество Кралицата, Принцот од Велс, генералниот секретар на НАТО и претседатели на држави и Влади од земјите од НАТО, е напишано на Твитер налогот на кралското семејство и е објавена фотографија од Кралицата Елизабета и лидерите на земјите учеснички на Самитот.

Во друг твит на „Твитер“ налогот на кралското семејство, во кој се објавени фотографии од пристигнувањето на делегациите во Бакингеманската палата се наведува дека НАТО Алијансата ја сочинуваат 29 држави со Северна Македонија, која е во процес да стане 30 земја-членка.

Би можело да ве интересира

Минчев: Македонија е решена да стане модерна европска држава, тоа не може да се постигне со стари навики

Горан Наумовски

Мицкоски: Македонскиот идентитет за мене не е само кујната туку и македонските револуционери Делчев, Груев и Сандански

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

НАТО би можело да се распадне, порака од Русија

Пожарот кај хотелот „Њу стар“ во Визбегово е локализиран, гореше дива депонија

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава