Средба Заев-Џонсон: Во Македонија се гледа како на мотор во регионот кон ЕУ и НАТО

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, во Трст се сретна со Борис Џонсон, министерот за надворешни работи на Обединетото Кралство на Велика Британија, кој ја претставуваше британската премиерка, Тереза Меј на Самитот за Западен Балкан.

Вискиот британски дипломат Џонсон изрази јасна и голема поддршка на новата Влада во Маедонија, во име на Велика Британија и премиерката Меј.

Оценката што ја соопшти министерот за надворешни работи, Џонсон е дека Македонија е конечно на вистинскиот правец и најави дека Велика Британија ќе направи се што може да и помогне на нашата држава за влез во НАТО и во ЕУ.

Британскиот министер Џонсон соопшти дека Британија останува партнер на Балканот и активен поддржувач на демократските процеси, како и дека пријателството со Македонија е клучно во реализацијата на оваа важна цел.

Премиерот Заев изрази благодарност за огромната поддршка од Велика Британија за Македонија и рече дека новата Влада ќе ја оправда добиената доверба преку посветена работа на демократски развој на Македонија и на регионот.

„Владата дефинираше временска рамка за итните реформски приоритети важни на интеграциските процеси во НАТО и ЕУ и одговорно ќе спроведе квалитетни реформи, затоа што граѓаните на Македонија заслужуваат евро-атланстки перспективи“, рече премиерот Заев.

Присуството на Самитот во Трст на премиерот Заев, придружуван од неколкумина владини министри донесе Договор за транспортната заедница, чијашто потписничка е и нашата држава и ќе значи олеснето поврзување на граѓаните на Македонија со регионот.

Но она по што е значаен Самитот во Трст се и бројните билатерални средби што ги оствари премиерот Заев на највисоко политичко ниво, со светски и регионални лидери, кои испратија многу конкретни, јасни и прецизни пораки на целосна поддршка на премиерот Заев и на новата реформска Влада во Македонија.

Средбите на маргините на Самитот и самиот Самит покажаа дека во претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев и во новата Влада на Република Македонија се гледа како на мотор во регионалниот развој, во што се посочува клучот за евро-атлантските перспективи на Македонија и на Западен Балкан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Џамбаски: Димитар Ковачевски му го носеше кафето на Заев, името му е бугарска Али Експрес верзија

Орце Костов

Заев: 75 % од граѓаните се против референдум за договорот со Бугарија, останатите 25 % се вмровци

Маја Илиевска-Пачемска

По оставката на Џонсон, ЕУ најави дека ќе продолжи да бара решенија за Северна Ирска

Ана Ололовска