Заев се појави во Суд, но рочиштето се одложи

Од:

Закажаната главна расправа за случајот „Пуч“ денеска се одложи затоа што не беше присутен јавен обвинител. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како четврто обвинет во случајот денеска за прв пат се појави во Суд откако предметот го зема во своја надлежност Специјалното јавно обвинителство.

На специјалното јавно обвинителство кое го презеде предметот му било доставена покана за денешното рочиште, но побарале одлагање на расправата со цел да ги разгледаат сите докази во предметот. Водечкиот судија, Љубица Башевска рече дека поради тоа ќе мора да ја одложи главната расправа.

Расправата е презакажана за 14 јануари. Судијата предложи да биде на 11 јануари, но Заев му се обрати на судот и му рече дека на тој датум европратениците Ховит, Кукањ и Вајгел ќе ја посетат Македонија и дека имаат закажани средби поради што не би можел да присуствува.

По завршувањето, Заев даде изјава за медиумите во која рече дека со формирањето на Специјалното јавно обвинителство се родила надеж дека правдата и вистината ќе бидат вратени во Македонија.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Фирми блиски до Заеви како подизведувачи на Марковски компани, инкасирале милионски суми од ископ на јаглен

Петрушевски: Филипче да каже дали Заев му понудил стик со прислушкувани материјали на поранешен бугарски премиер и една шема за купување на две големи фирми од кои едната телевизија

ВМРО-ДПМНЕ: Потпишувањето на бугарскиот договор не е политичка волја туку финансиски интерес на Заев

(ВИДЕО) Николоски: Венко Филипче и СДС се во целосна координација на нивниот лидер во сенка-Зоран Заев

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Кога се зборува за економија и животен стандард, СДС треба да се скрие и да молчи

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев