Заев: Се надевам на брз прием на Македонија во НАТО, со соседите ќе градиме пријателски односи

Од:

Премиерот Зоран Заев во интервју на МТВ со уредници на медиуми вечерва изрази надеж дека Македонија многу брзо може да стане членка на НАТО под привремената референца, а паралелно да продолжат разговорите со Грција за спорот за името.

– Од тој аспект негувам надеж дека е можно можно Македонија во многу краток период да стане членка на НАТО под привремената референца, а ние со Грција барем да приближиме одредени ставови, да испратиме добри пораки, да ги потврдиме досегашните мерки на доверба кои ги почна претходната влада, а ние имаме намера да ги надоградиме. На тој начин да создадеме амбиент за Македонија барем делумно да биде одблокирана, изјави Заев.

Членството во Алијансата, вели Заев, е можно ако Грција го ослободи ветото.

– Има два начина: решение на проблемот или под привремената референца да влеземе во НАТО, а да ги продолжиме преговорите со Грција за проблемот што го има со нашетот уставно име заради наше интегрирање и во ЕУ, рече Заев.

Најави дека ќе побара помош и поддршка за членство на Македонија во НАТО од Грција, Бугарија и од Албанија како членки на Алијансата, како и од други земји.

– Немам проблем да ги замолам грчките граѓани да имаат разбирање за потребата Македонија да стане членка на НАТО затоа што секогаш имам разбирање и за нивните права или интереси кои ги крепат нивните позиции дека можат уште 35 пати да не блокираат во процесот знаејќи дека ние сме со комплетни аспирации за полноправно членство во НАТО и ЕУ, рече македонскиот премиер.

Членството на Македонија во НАТО и ЕУ, според него, би значело стабилност и економска корист и за Грција како соседна земја.

Заев најави дека тој и новата Влада кон соседите ќе водат политика на пријателство без провокации и очекува на тоа позитивно да биде возвратено.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

Од тандемот Заев-Филипче Македонија и граѓаните само беа понижени и негативно претставени, велат од ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Филипче и Заев се синоним за криминал, неспособност и предавства

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче со години наназад ја уништуваа и ограбуваа државата

ЗНАМ: СДСМ и Венко Филипче апсолутно немаат политички кредибилитет, ниту легитимитет да нудат било какви концепти за Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Колку украде двоецот Заев-Филипче од македонските граѓани за да може да има интернационални бизниси?