Заев: Се надевам дека на почетокот на идната година ќе се сретнам со грчкиот премиер Ципрас

Од:

„Ја планирам мојата посета на Атина и се надевам на почетокот на идната година да се сретнам со премиерот Алексис Ципрас, со министерот за надворешни работи Никос Коѕиас, со претседателот на Грција и со грчки пратеници“, изјавил премиерот Зоран Заев во интервју за грчката агенција АНА-МПА.

Во интервјуто Заев говори за неговите заложби и посветеност за градење пријателски односи со Грција базирани на заемна доверба со што ќе се олесни решавањето на прашањето за името. Тој побарал поддршка и помош од грчките граѓани и, преку институциите, од грчката влада, од опозицијата и од грчкиот парламент. Во однос на прашањето за името, рекол дека тоа „деликатно прашање и не е лесно ни за грчките политичари“, но изразил подготвеност „да се обидат да се разберат меѓусебе и да поттикнат решение што ќе биде заемно прифатливо“.

Заев, исто така нагласил дека за Македонија нема алтернатива на членството во НАТО и во ЕУ и дека владата работи на реформите, особено во судството, јавната администрација и образованието. Во надворешните односи врвен приоритет е подобрувањето на односите со соседите, рекол Заев.

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски