А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Се бара можно решение со Беса, идентитетот не е загрозен

by А1он10/01/2019 - 11:46305
Share0

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште се во разговори со БЕСА на Биљал Касами за изнаоѓање техничка формулација во однос на државјанството со цел обезбедување на потребните 80 пратеници за донесување на уставните амандмани.

Добивај вести на вибер

– Беса е принципиелно поставена за ова прашање, како што се и осумтемина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, и се „први кои се за заштита на македонскиот идентитет“. Суштината на Беса е преку формулацијата на македонско /граѓанин на РСМ да не се остави впечаток дека Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите и сите други во државата ќе бидат македонски. Тоа е суштината. Се изнаоѓаат техничките аспекти за решавање. Секако државјанството е македонско и така и ќе остане. За тоа нема дилема. Беса не бара да се смени идентитетот или слично. Будното око на осумте пратеници токму тоа го прави како и ние и останатите пратеници. Работиме да се изнајде решение за техничките формулации како државјанството за сите да биде македонско/граѓани на Република Северна Македонија, а сепак, Албанците и другите етнички заедници да не бидат Македонци, рече Заев на прес-конференцијата по промоцијата на овластен економски оператор.

Тој додаде дека Македонците во државата не треба да се плашат дека некоја албанска партија или албански пратеник бараат да се загрози идентитетот.

– Сите се залагаме тој идентитет, што беше оспоруван, конечно да биде загарантиран. Албанците го направија тоа и на референдумот и со поддршката на Договорот од Преспа, истовремено и ние Македонците немаме намера нечие етничко чувство или припадност да го преиначиме. Тоа се човекови вредности и права, рече премиерот.

Заев повтори дека вкупната бројка на пратеници кои ќе ги поддржат уставните амандмани ќе се знае во моментот на гласањето. Очекува тоа да се види уште денеска при гласањето за првиот амандман во Собранието.

-Одговорноста на крајот е на пратениците и верувам дека ќе најдат сили да се соберат две третини односно 80 пратеници за да се изгласаат амандманите бидејќи потоа следува и гласањето во грчкиот Парламент, вели Заев и изрази уверување дека „ако бидеме креативни ќе изнајдеме решение“.

Тој рече дека не може во моментов да каже дека се обезбедени 80 пратеници, но и дека е подготвен да го презеде својот дел од одговорноста.

– Секој треба да ја преземе одговорноста за процесот. Ако нема мнозинство следува Централен одбор на СДСМ и понесување одговорност. Ставивме се на оваа карта. Во политиката, како што се земаат ловорики, така се понесува и одговорност. Немам предрасуди, дојде моментот на одговорноста. Или ќе не има 80 или ќе следува одговорност, вели премиерот Заев, и при тоа подвлекува дека сепак верува и очекува да биде обезбедено потребното мнозинство.

besaustavni izmeniZaev

Би можело да ве интересира

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:24

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 13:31

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ27/12/2025 - 09:1027/12/2025 - 12:10

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски05/12/2025 - 12:3705/12/2025 - 13:12

Радев очекува побрза ЕУ интеграција на Македонија одма после уставните измени

Горан Наумовски05/12/2025 - 09:06

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“

Предраг Петровиќ03/12/2025 - 22:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен