(ВИДЕО) Заев: Само оставки и преодна Влада

Од:

Лидерската средба во Клубот на пратеници заврши. Во изјавата за медиумите, лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека средбата била обид да се востпостави рамка за политички дијалог.

Тој оцени дека тоа не се случило. Средбата продолжува во понеделник.
Заев кажа дека инсистира на оставки и на формирање на преодна Влада како единствен услов за решавање на политичката криза.

„Нормализација е можна само со формирање на преодна Вклада која ќе ги организира предвремените избори“, рече Заев.

Лидерот на СДСМ потенцира дека нема враќање во Парламентот, освен ако тоа не е чекор за реализација на договореното, односно формирање на преодна Влада.

„По сите снимки и докази за власта, опозицијата не ни размислува за друга опција освен оставки и преодна Влада“, рече Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата

СДСМ: Без техничка влада не може да има праведни избори

А1он