Заев: Прислушувани и албанските лидери и министрите во владата

Од:

На прес конференцијата на СДСМ беа презентирани и прислушувани разговори на лидерите на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, на НДП Руфи Османи, разговор воден меѓу министерот Зоран Ставрески и министерката Гордана Јанкуловска, кои договараат вработување на некоја личност.

Според лидерот на СДСМ ова е само мал дел од 20-те илјади разговори кои е невозможно да ги снима никој друг освен државна служба во соработка со мобилен оператор во земјава.

Заев повика се да се следи и во наредните денови за да јавноста да дознае какви валканици се прават зад грбот на граѓаните
Заев најави материјални докази дека Груевски и Мијалков незаконски прислушкувале во Судството, невладините организации, новинари, Синодот на МПЦ, како и разговор помеѓу Латас и Протуѓер.

Заев засега објави аудио доказен материјал за прислушкување на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, вицепремиерот Зоран Ставрески, како и Руфи Османи и Љубчо Георгиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема

Сопругата на Орце Ѓорѓиевски: Какви 30 илјади долари, чантата е купена на попуст од 944 денари

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски