Заев: Преземени се конкретни чекори за решавање на проблемите со депонијата во Русино

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев придружуван од министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки, денеска оствари средба со претставници од општините и жители од Полошкиот регион и претставници од Центарот за развој на полошкиот плански регион и претставници на швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања СЕКО, со цел изнаоѓање решение за проблемите на жителите кои произлегуваат од состојбата со депонијата во Русино.

dobivaj vesti na viber

Жителите на бањичкиот регион (гостиварско), пред премиерот ја потенцираа потребата од итно и неодложно решавање на проблемот со депонијата во Русино (гостиварско) која е сериозна закана по здравјето на жителите и земјоделските производи во тој регион.

Премиерот Заев, во оваа прилика истакна дека Владата на Република Македонија, заедно со Министерството за животна средина и општините од Полошкиот регион веќе работи на изнаоѓање на трајни решенија за проблемот со оваа депонија, потенцирајќи го присуството на претставниците на СЕКО, кои како резултат на заложбите на надлежните институции, се партнер во изнаоѓањето на трајно решение.

Исто така пред присутните, премиерот Заев потенцираше дека веќе е обезбедена донација од 8 милиони швајцарски франци кои ќе бидат наменети за справување со депонијата во Русино, и дека дополнително се јавуваат и други инвеститори заинтересирани за ракувањето со отпад.

„Најбитно е да имаме взаемно разбирање и да сме добро организирани. Како Влада стоиме на располагање и сме подготвени да интервенираме во насока на зачувување на здравјето на граѓаните пред сè“, рече премиерот Заев.

Тој на оваа средба ги задолжи надлежните институции да преземат мерки за итно справување со контаминацијата на водата од тој регион, на што посебно се пожалија жителите, а која произлегува од неконтролираното користење на депонијата од многу субјекти.

На средбата, министерот Дураки побара градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, како претседавач на Полошкиот плански регион да предложи да се формира Јавно претпријатие задолжено за стопанисување со таа депонија.

Претставниците од СЕКО, пак, информираа дека во следниот период ќе биде финансирана програма за решавање на проблемот со депонијата, и дека ги следат сите законски регулативи во изготвувањето на план и физибилити студија за идното функционирање на таа депонија.

Од СЕКО, исто така информираа дека дополнително се обезбедени и половина милион швајцарски франци за интервентни мерки, кои ќе се имплементираат во периодот додека се изготвуваат потребните студии.

Би можело да ве интересира

Стоилковски: Дали луксузните имоти во кои престојуваат Заеви во Дубаи се нивна сопственост?

(ВИДЕО) Стојменов: Заев стои зад блокадата на градилиштето „Беко“, притисокот беше да го продадам евтино

Маја Илиевска-Пачемска

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да го праша Заев како се стекна со фабриките за марихуана и лиценцата за експлоатација на глина за Еленица

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бетер од Заев, тоа што не успеа да распродаде едниот со Бугарија, го продава другиот

Петрушевски: Заеви од голтари преку СДСМ до милионери, а не плаќаат над 1 милион евра за данок

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од голтар стана милионер, од Муртино до фабрики за марихуана и трговија со струја